КУЛТУРА

Првата самостојна изложба на Марта Патлиџанковска, насловена „Портрети“

Во среда (28 јуни) во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности ќе се отвори првата самостојна изложба на Марта Патлиџанковска, насловена „Портрети“.

На изложбата која ќе започне во 20 часот, како што се посочува во најавата, Патлиџанковска се претставува со ликовни решенија, платна со големи димензии, работени во комбинирани техники, во кои доминира експресијата на бојата.

„Со динамични и експресивно груби потези на четката, пастуозно ,,шкрабање“ на површината со боја директно од туба и употребата на спреј, Патлиџанковска ја зголемува острината на потегот, така што целокупната содржина трепери и делува вибрантно. Воодушевена од колористичките експерименти, без однапред утврден концепт и дефинирана идеја, создава смели ликовни решенија кои припаѓаат на реалистичката ликовна сфера, со асоцијативен и симболички призвук. Така, лексиката на нејзиното сликарство ќе ја бараме во симбиозата на фантазијата и јавето, во сверата на свесното и потсвесното“, се додава во најавата за настанот.

Патлиџанковска е родена во 1999 година во Скопје. Во 2022 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на катедра сликарство, во класата на Жанета Вангели.

Изложбата ќе биде отворена до 7 јули.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

КУЛТУРА

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на...

КУЛТУРА

Промоција на краткиот анимиран филм „Лисичката плетачка“

Утре во Музеј на град Скопје во 18:30 часот, ќе се одржи...

КУЛТУРА

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2023

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата...

КУЛТУРА

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили

Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на...