КУЛТУРА

СКОПСКО ЛЕТО И MIYATTA ВЕ КАНАТ НА КОНЦЕРТ

MIYATTA за прв пат ќе одржи солистички концерт и тоа во рамките на програмата на Скопско Лето. Локацијата за овој концерт закажан за среда, 28ми јуни, е Куршумли-Ан.

Скопско Лето: MIYATTA ти си активна на музичката сцена повеќе од 15 години. Зошто толку години мораше да чека твојата публика за да добие прилика да присуствува на твој концерт?

MIYATTA: Подготовките за концертот колку што траат ми потврдија дека порано не ќе беше вистинското време. Вака некако природно си дојде шансата и јас во едно позрело музичко издание да се претставам концертно во живо пред својата публика на начин кој доликува на моите години. И од порано чувствував дека музиката што ја  снимам и пренесувам е повозрасна од моите години. Сега некако се стасавме…

Скопско Лето: Локацијата за концертот е Куршумли-Ан во старата чаршија, и е локација на која ти инсистираше од самиот почеток. Има ли ова место некое посебно значење за тебе?

MIYATTA: Точно е дека Куршумли-Ан отсекогаш била локацијата за мојот имагинарно проектиран концерт. Многу сакам да настапувам во простор кој изобилува со вибрантност и ја засилува енергијата што ја даваат изведувачите. Ние во Скопје имаме повеќе такви места, но Куршумли-Ан е некако најмагично за мене. Затоа кога концертот стана реалност друга локација не беше ниту опција.

Скопско Лето:Овој концерт е всушност и промоција  на твојот втор албум ВИДА. Што нуди ВИДА како музичка приказна? Каква MIYATTA ќе слушнеме во овој албум?

MIYATTA: Вида е искрена дури и премногу за нашиот менталитет. Секоја песна е проекција на различно чувство и те води на различно место. Сакам да мислам дека е саундтрак за тоа што ми се случувало во изминативе неколку години. Музички е издржана и поткрепена со соработки со музички професионалци како Дамир Пух, Наташа Миха, Весна Малинова, Александар Пешевски, Александар Јовевски, Валентино Скендеровски, Ангел Ќосев, и уште многу други.

Скопско Лето: Списокот на музички учесници на твојот концерт е доста голема. Како течеа подготовките со толку голема екипа?

 

MIYATTA: Големината на екипата ја издиктираа моите песни со своите аранжмани. Тоа што не сакам да правам компромиси кога станува збор за музиката малку повеќе ќе ме измори во подготовките но задоволството на крај нема цена. Ова е екипата што ќе ја забавува публиката на Скопско Лето во Куршумли-ан на 28.06 во среда:

🎤MIYATTA – вокал @miyatta_of_macedonia

🎹Валентино Скендеровски – клавијатури @tinsken

🎸Кире Мирчовски – акустична/електрична гитара @kiremirchovski

🎸Горан Гешовски – бас гитара @gorangeshovski

🪘Ратко Даутовски – перкусии @dautovskipercussion

🥁Иво Митковски – тапани @gjubr_ivo

🎙️Мартина Нанеска – придружен вокал @m_naneska

🎙️Елена Васова – придружен вокал @elenavasova

🎙️Дино Хриџиќ – придружен вокал @dinohridjikj

Гости:

🎤Теда, @teda.ukegirl

🪗Фолтин, @foltin_band

🎸Дамир Пух, @damirpuh

🎤Наташа Миха, @miha_natasha

🎙️Александар Пешевски, @mightycreation

🎻Глигор Кондовски, @gligor.kondovski

🪕Никола Стојмановиќ, @nikola11s

🎻 Мартина Јаневска, @_martinacello

🎙️Зоран Тортевски – бас

🎙️Бранко Илиевски – баритон

🎹Анѓел Ќосев

🔊Аудио инженер Ивица Јанкуловски @ivica_jankulovski

Скопско Лето: MIYATTA ти си единствената контролорка на летање со музичка кариера кај нас  и во исто време единствената пејачка што е контролор на летање. Дали е музичкиот свет многу поразличен од воздухопловниот?

MIYATTA: Различен е да, но како и во воздухопловството така и во музикатс, за да звучи сѐ беспрекорно секој мора да го сработи својот дел. Мојот однос кој музичкиот микрофон не е ништо поразличен од контролорскиот.

Скопско Лето: Што понатаму?

MIYATTA:Што понатаму …најпрвин заслужен одмор, а  потоа евентуално настапи на некои интерсни локации низ Македонија. Ќе видиме…летото е пред нас.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во...

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...