КУЛТУРА

Дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“ во „Буква“

Издавачката куќа „Готен“ организира дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“ која ќе се одржи во утре (27 јуни) во кафе-книжарницата Буква во 19.30 часот.

На дискусијата ќе учествуваат Оливера Ќорвезироска, писателката, уредничка и лекторка, Ненад Стевовиќ, уредник и еден од сопствениците на издавачката куќа „Или-или“, Билјана Црвенковска, писателка, уредничка и сопственичка на издавачката куќа „Чудна шума“ и Жарко Кујунџиски, писател, уредник и сопственик на издавачката куќа „Антолог“. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски, писател, уредник и преведувач.

„Колку е долг пат од преводот на една книга до нејзиното издавање? Дали во македонскиот културен контекст се внимава на сите чинители во издавачкиот процес, од уредникот кој ги избира делата што треба да бидат преведени, преку преведувачот, лекторот и уредникот кој го контролира и уредува направениот превод? Дали зголемената издавачка продукција во Македонија во последниве години ја следи и зголемен интерес за читање? Дали издавачките куќи самите имаат капацитет за зголемување на читачката култура или е потребна дополнителна помош? Каква е иднината на објавувањето и читањето книги?“, се дел од прашањата на кои ќе дискутираат и дебатираат гостите, информираат од „Готен“.

Јавниот настан е дел од проектот „Превод во движење“, меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Исто така, во рамки на проектот ќе бидат организирани и работилници за книжевен превод, преку кои ќе се зајакнат капацитетите на преведувачите, а ќе биде изработена и мапа на резиденции за книжевни преведувачи во Европа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во...

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...