ПРИКАЗНИ

Фаворизирањето на определени денови за мајки, татковци, деца и потребата од нивно одбележување и славење значи сигурна деструкција на сите семејни вредности

Пенкалото пишува со мастило, а моливот со срцето.

Први јуни е меѓународен ден на децата, кога скоро во сите земји се организираат активности кои ги слават децата, детската игра, кога се организираат работилници и слично, кога се читаат приказни, се играат претстави за деца и се она што за нив е интересно. Колективно, како да чувствуваме колективна (не)одговорност затоа што ова не го правиме постојано со децата. Не утепа брзиот начин на живот! Не, не утепа тоа. Приоритети се во прашање, иако општеството сака да ни наметне некои стандарди по кои треба да се воспитуваат децата, секогаш можеме да не се вклопиме во толпата и да одбереме наш начин како и колку време ќе поминуваме со децата.

Сега наместо децата да одат да играат фудбал на локалните игралишта тие одат на спортска активност фудбал со строго утврдени термини во спортски сали со скапа опрема и тоа е само една капка во морето. Наместо да одат да играат плочка пред зграда или да играат пластелин со некој од семејството тие одат на курс за тоа. И да, свесни се родителите дека нивните деца нема да станат врвни фудбалери, балерини, инжињери, тенисери ама се работи до некаде за престиж меѓу родителите. Колку повеќе курсеви значи толку повеќе има да вложи во него, да го насочи и да го истера на пат. Не сфаќајќи дека најскапоцено нешто за нив, децата е времето кое ќе им го посветиш, игрите кои ќе ги изиграш, цртаните филмови кои заедно ќе ги изгледате, монопол и уно колку пати ќе те победат. Не е репер за успех тоа колку и какви курсеви ќе посетува детето како мало и тоа дека ќе му донесе некоја сигурна иднина. Самодовербата најмногу се гради преку љубовта што ја добива.

Ако сметате се преку времето, тогаш сте на добар пат да станете рационален мислител. Времето е единица мерка која не се враќа. Таа е сега и овде. Љубовта на луѓето обично ја мерам со времето кое ми го посветуваат. Ако некому си приоритет секогаш ќе најде време, меѓутоа ако не си му, секогаш ќе постојат изговори.

Одамна престанавме да бидеме искрени. Не си кажуваме што мислиме, не споделуваме среќа, не споделуваме тага. Полека се претвораме во роботи, а роботите стануваат хуманоиди. Сега некој ќе каже не утепа технологијата. Не,не утепа развојот на технологијата. Не утепа линијата на помал отпор и лажната среќа која ја градиме на социјалните мрежи.

Изместените вредности не донесоа дотаму што на децата им се прави притисок за успех, за петки на училиште, да бидат најдобри во се. Логично тоа не е ни возможно, не е нормално според мене едно дете да има петки буквално по сите предмети и тоа да важи за 80% од децата кои одат на училиште. Оттука почнуваат кардиналните грешки. Џабе скапите курсеви кога се купуваат петки на ангро.

Требаше да ни се случи Орце Николов за да видиме колку од тие петки се заслужени а колку се подарени. Односот меѓу заслужените и подарените беше 20 со 80%. Оваа бројка верувам дека не е променета ни годинава. Почнуваат уписи, повторно ќе биде гужва за упис на попрестижните училишта и повторно ќе се запишат не најдобрите туку оние деца чии родители имаат популарно наречени врски.

Со фаворизирање и издвојување определени денови за да се слават децата, мајките, татковците, родителството е сигурен чекор на уште поголемо деструктуирање на семејството и сите негови вредности.

Многу нешта можеме да научиме од децата ако ги слушаме со срцето. На една студија која што е направена во Белград, научниците и испитувачите утврдиле дека за еден поим децата имаат многу повеќе зборови за разлика од возрасните.

Дел од тој brainstorming го споделуваме со вас.

Зошто е подобар моливот од пенкалото?

Многу е подобар моливот,

Бидејќи ако го скршиш моливот,

ќе добиеш два молива

а ако го скршиш пенкалото

ќе добиеш ќотек

од моливот не си ги миеш рацете,

а пенкалото може да те извалка

пенкалото пишува со мастило

а моливот пишува со срцето!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ПРИКАЗНИ

ЗЕЛЕНИОТ ДИЈАМАНТ НА СКОПЈЕ: Како кралската градина стана Градски парк

Градскиот парк во Скопје е волшебна оаза сместена во срцето на главниот...

ПРИКАЗНИ

Луѓето порано се срамеа ако имаа нечисти чевли!

Сакип Севхеров од Шуто Оризари е меѓу најстарите чистачи на чевли во...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...