ПРИКАЗНИ

КАКО ЖИВЕЕ ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ЖИТЕЛИ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА: Другарството меѓу Дуња и Даела научно невозможно, во пракса прекрасно

Во скопската Зоолошка градина во која живеат над 500. различни видови на животни, слоницата Дуња е една од најстарите. После шимпанзото Мими, Дуња е највозрасна во скопското семејство на животни.
Факт е дека скопската зоолошка зад својте врати крие многу живеалишта, а секое едно своја приказна и историја.
Овој пат зоонегувателите во градината го раскажуваат секојдневието на баба Дуња, но и нејзината најверна другарка слоницата Даела.

Веќе неколку години овие две верни друшки имаат живеалиште кое може да го види секој посетител и тие буквално уживаат во својот дом. Имаат и зимска и летна ‘резиденција’ со услови што им овозможуваат хармоничен и среќен живот.

Иако Дуња е азиска слоница и има 55 години и е една од најголемите азиски слоници во Европа, и по редот на нештата, поради потеклото не треба да другарува со африкански слон, сепак нејзина најверна другарка е Даела-африкански слон стар 35 години. Речиси пет години овие два циркуски слонови се жители на скопската Зоолошка. Практично пријателството меѓу Дуња и Даела трае 20 години од времето кога биле во циркус. Баба Дуња иако стара за годините добро се држи и изгледа одлично.

Еден од нивните зоонегователи, Мартин раскажува какви се ритуали секој ден поминуваат и баба Дуња и Даела.

„Утрото започнува со надворшна проверка на општата состојба. По завршување на проверката, следува чистење на внатрешното, а слониците се пуштаат во надворешното живеалиштето. Во текот на денот се бањаат во нивниот базен или ги капеме со хидрант. Еднаш до два пати месечно им ги средуваме ноктите. Моментално не примаат никаква терапија, тие се во одлична кондиција и здравствена состојба“, вели нивниот зоо-неговател Мартин.

И двете слоници најмногу сакаат да јадат бамбус и врби, бидејки им годи на дегистивниот систем и е нешто што впрочем би го јаделе ако се во природа.

„Дневното мени им се состој од сено, овошје, зеленчук. Но, обожуваат секако кикирики и пелетирана храна. Некогаш јадат внатре некогаш надвор, а некогаш комбинирано“, раскажува Мартин.

За тоа да бидат здрави, весели и да уживаат во Зоолошката градина, слониците имаат три негователи. Освен Мартин и Бојан и Виктор неуморно секој ден се комплетно посветени на овие животни.

„Да се биде неговател на слониците е навистина прекрасно и секојденевната дружба со нив целосно исполнува“, вели Мартин.

Кога се во летното, а кога во зимското или внатрешно живеалиште, Мартин вели дека зависи од временските услови.

„Кога времето е убаво, во летните месеци тие се пуштени од 9 часут наутро па се до приквечерина надвор. Но некогаш знаат и самите да тропаат со сурлите на вратата со што ни кажуваат дека сакаат да си влезат во внатрешниот дом. Секако, кога е многу топло и ќе фати силно сонце ги внесуваме внатре, под сенка“, додава Мартин.

Секојдневието на Дуња и Даела кои како азиски и африкански слон, по својте карактеристики не се компетабилни е доказ дека во природата се е можно, а со тоа нудат приказни кој вреди да се видат доколку прашате за нивната приказна во скопската зоолошка градина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ПРИКАЗНИ

ЗЕЛЕНИОТ ДИЈАМАНТ НА СКОПЈЕ: Како кралската градина стана Градски парк

Градскиот парк во Скопје е волшебна оаза сместена во срцето на главниот...

ПРИКАЗНИ

Луѓето порано се срамеа ако имаа нечисти чевли!

Сакип Севхеров од Шуто Оризари е меѓу најстарите чистачи на чевли во...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...