ПРИКАЗНИ

ЛИЧНА ПРИКАЗНА: Гого Чупона раскажува како се излекувал од хероинска зависност благодарение на Нарконон центарот

„Бев хероински зависник 17 години , почнав од мали нозе скоро кога имав 13 години, почнав најпрво со користење на трева поточно марихуана, па потоа премина на хероин затоа што марихуаната веќе ни ги задоволуваше моите потреби. Во тоа време мислев дека сум ИН и дека е многу забавно но како поминуваа годините увидов дека направив голема грешка и влегов во еден затворен круг каде се беше тажно околу мене. Во тој круг мојата зависноста само се продлабочуваше, проблемите стануваа огромни до тој степен да изгубам се, почнувајќи од фамилија, пријатели, девојки, го испуштив животот од рацете а ја држев само зависноста. Година за година немаше никакви промени и ситуацијата стануваше се полоша и полоша.

Гого Чупона

Откако моето семејство ми кажа дека постои институција која може да го реши мојот проблем со зависноста ми требаше цела година да прифатам дека имам проблем со зависноста и дека сам не можам да ја решам. На почетокот бев резервиран за работата на центарот затоа што во мене нешто постојано ми велеше еднаш зависник секогаш зависник.

После детоксикацијата на самата програма мене ми се вратија емоциите, енергијата, виталноста, волјата за живот и тоа беше пресвртница дека можам да го сменам мојот начин на живот. И така направив! Мојот начин на живот комплетно се смени. Станав личност на која може да му се верува и да се потпрат на неа. Мојот најголем успех  е тоа што моментално во мојот град луѓето веќе ме препознаваат како личност која што прави добри дела и некако таа слика што беше за мене од минатото полека се брише. Сега сум на другата страна….светлата и горд сум на тоа. Мојот пример го побива тоа дека еднаш зависник секогаш зависник не е точно, и не само јас и многу други примери кои ги запознав на Нарконон Програмата. Гордо можам да кажам дека ние сме пример за тоа, промената е возможна, волјата е пресудна и најбитно  имаме место во нашево општество кое  нуди уште една шанса за живот“.

Ова е личната приказна на Гого Чупона, зависник од дрога. Тој ја посетувал програмата на Нарконон центарот и успеал да ја излекува зависноста.

Токму затоа поттикнати од приказната на Гого, поразговаравме со директорот на Центарот, Александра Димевска Јокиќ за да се информираме за нивната работа, за начинот за лекување и се она што би ве интересирало и вас, читателите.

Од кога постои Нарконон центарот и што третира, лечење од каков тип зависности?

ЈОКИЌ: Нарконон Балкан постои од 2004 год во Македонија и е единствен центар од ваков тип со уникатна и интернационална програма. Морам да направам мала корекција дека ние не ги лекуваме нашите клиенти, туку ги рехабилитираме. Пред да земат учество во нашата програма зависникот прави детален медицински преглед кај наш доктор кој ја знае нашата програма и со негова потврда дека лицето нема никакви здраствени потешкотии, заразни болести итн може да започне. Не го сметаме зависникот дека е болен, туку едноставно имал проблем кој неможел да го реши и западнал во замката на зависност и го живее најлошиот кошмар од неговиот личен живот. Едноставно не веруваме дека зависникот цел живот ќе биде зависник и дека зависноста е некаква болест. Во нашиот центар имаме студенти, така ги нарекуваме затоа што го истражуваат и учат за нивниот живот. Програмата е иста но искуствата на нашите студенти се различни тие сами преку нашите курсеви доаѓаат до сознанија и решенија. Програмата може да ја посетуваат зависници од улични дроги, алкохол исто така и оние кои злоупотребуваат легални дроги од типот на метадон и одредени така наречени лекарства за смирување.

Што вклучува програмата?

ЈОКИЌ: Програмата е составена од неколку етапи , прво  е процес на абстиненца , каде лицето е под надзор  24/7 се користи здрава храна и посебни техники кој ги намалуваат сите симптоми при одвикнувањето како на пример болките.

Нареден чекор е детоксикација , зависникот да ги отстрани сите токсини од телото преку потење во сауна со посебен режим на исхрана, додатоци во исхраната и вежбање.

Одкако ќе го исчистат телото следен чекор им се специјални вежби така наречени објективи, помагаат за лицето да го отргне вниманието од минатото и да го насочи кон сегашноста. И тука завршуваме со делот на рехабилитација и се преминува на делот едукација каде се изучуваат курсеви наречени Вештини за живеење и се посветува внимание на причините зошто лицето посеганало по користење наркотични средства, да се стекне со интегритет, самоконтрола и стабилност.

Колку трае процесот на одвикнување?

ЈОКИЌ: Зависно од тоа што користи лицето како што напоменав погоре програмата е иста но секој од лично искуство ја доживува , би траела од 6 до 8 месеци . Нарконон како сите други не нуди никакви гаранции туку им е една шанса  за зависникот со волја да  го промени неговиот до тогашен живот.

Во самата програма им е вклучен смештај , 4 оброци на ден , дополнително неколку ужинки , 20 % лиценца за да можи истата да ја користи , сите курсеви кои ги изучуваат , униформа која се состои од патики и тренерки со лого на нарконон , шорцеви, папучи, маички, посебни спортски торбици шишиња за течности кои што ги внесуваат додека се во сауна додатоци во исхраната . . Услуга од стручно обучени волонтери, кои претходно ја имаат завршено програмата на Нарконон и исто така после нивната програма имаат дополнителна обука во Данска и Италија во Нарконон тренинг центри.

Колку чини и дали има некаква гаранција?

ЈОКИЌ: Висината на донација за програмата е од 8600 евра до 10.000 евра  без разлика на временскиот период , но најбитна работа кај нас е што мора да ја спомениме е дека нашиот центар изискува посебни кретериум за упис на програмата и затоа се прави најпрво квалификациско интервју, според кое интервју нашиот супервизор на случајот може да направи одредена проценка  дали воопшто можи да му помогниме на некој или не, нормално и медицинскиот извештај од докторот.

Досега колку дипломци поминале кај вас и колку од нив имале успешен резултат од лечењето?

ЈОКИЌ: До моментов програмата ја имаат завршено 217 луѓе не само од нашата земја туку од земјите на Балканот и пошироко . Успехот е над 85%  живеат живот без наркотици, имаат свои семејства некои од нив , постигнуваат успех во бизнисот, последната приказна која ја добив од наш студент беше : Ви благодарам од наркоман сега сум репрезентативец, ќе ја претставувам државата . Таквите успеси се непроценливи , поточно тоа е успех на личноста но во еден дел од неговиот живот знаеме дека сме биле во најтешките моменти со него, а тој е со нас сега и во најдобрите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ПРИКАЗНИ

ЗЕЛЕНИОТ ДИЈАМАНТ НА СКОПЈЕ: Како кралската градина стана Градски парк

Градскиот парк во Скопје е волшебна оаза сместена во срцето на главниот...

ПРИКАЗНИ

Луѓето порано се срамеа ако имаа нечисти чевли!

Сакип Севхеров од Шуто Оризари е меѓу најстарите чистачи на чевли во...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...