АКТУЕЛНО

Кратер со недели зјае на улицата Бледски договор во Карпош

Огромна дупка со недели зјае на улицата Бледски договор во Општина Карпош. Кратерот тешко може да се избегне, па граѓаните велат дека ги искршиле колите, чекајќи некој да ја закрпи дупката.

Станува збор за доста прометна улица бидејќи на неа се наоѓа поликлиниката „Букурешт“, болницата „8 Септември“ и приватната клиника „Жан Митрев“, па пациентите кои се носат во болниците се трускаат на дупката. На истата улица се наоѓа и средното училиште „Никола Карев“, а минуваат и автобуси на ЈСП „Скопје“.

Жителите на овој дел од Карпош велат дека дупката стои неколку недели, но никој од Град Скопје, ЈП „Улици и патишта“ или Општина Карпош не ја гледаат и не ја санираат.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...