АКТУЕЛНО

Рузвелтова во Капиштец изрешетана со дупки, а Град Скопје го прави потегот кај Зоолошка

Улицата Рузвелтова на потегот од улицата Народен фронт до Васил Ѓоргов е изрешетана со дупки. Овој дел на улицата во населбата Капиштец е во очајна состојба, коловозот е полн со огромни дупки и прокопи па граѓаните мораат да возат цик-цак за да ги избегнат дупките.

„Ги искршивме колите од дупки на секој чекор. Сред центар на град, а улицата оставена во ваква состојба“, велат жители на околните згради.

Во ништо подобра состојба не се ниту тротоарите, каде асфалтот е искршен и изваден, па при врнежливо време дупките се полни со вода и кал.

Иако овој дел од улицата е во најлоша состојба, Град Скопје сепак го реновираше другиот потег на Рузвелтова, од улицата Илинденска до булеварот Партизански одреди. Овој потег и пред реновирањето беше во добра состојба односно не беше приоритетен со оглед дека во други делови на градот улиците се во полоша состојба, како и самата улица во делот во населбата Капиштец.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...