АКТУЕЛНО

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА РУЗВЕЛТОВА: Се вози по една лента, машини на сите страни

Од утрово по неколку дена пауза повторно има градежни активности на улицата Рузвелтова, поради што во овој дел од градот се создава метеж во сообраќајот.

Затворена за движење на возила е едната страна на улицата во насока од булевар Партизански одреди до Илинденска. Возилата се движат по една лента во двете насоки. Долж улицата ппставни се знаци, а машини и камиони кои работат има на сите страни што го отежнува сообраќајот.

Како што најавија од Град Скопје улицата ќе се прави два месеци односно до средината на мај. Нов асфалт се поставува на површина од 7.350 метри квадратни.

Според податоците на Бирото за јавни набавки Град Скопје на 30 ноевмри 2022 склучи оговор со фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“ за реконструкцијата на потегот од булевар Партизански одреди до булевар Илинден. Овој зафат ќе чини околу 190.000 евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...