АКТУЕЛНО

ГРАД СКОПЈЕ ЈА РАСКОПА РУЗВЕЛТОВА И ЈА ОСТАВИ

Улицата Рузвелтова на потегот од улица Орце Николов до булевар Илинден стои раскопана цела недела и нема никакви градежни работи. На 15 март по налог на Град Скопје фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“ почна да го гребе асфалтот. На улицата беа донесени неколку камиони и се затвори една коловозна лента. Неколку дена се работеше на изведување на пешачката патека, на која беа поставени бакатон плочки, а потоа градежните работи престанаа, камионите си заминаа.

Сега улицата стои со дупка покрај пешачката патека и со затворена коловозна лента.

Од Град Скопје не кажаа што ќе се работи, дали ќе се реконструира цела улица односно што предвидува проектот.

Според податоците на Бирото за јавни набавки Град Скопје на 30 ноевмри 2022. склучи оговор со фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“ за реконструкцијата на потегот од булевар Партизански одреди до булевар Илинден. Овој зафат ќе чини околу 190.000 евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...