КУЛТУРА

Фестивалот на Јапонска култура „Сакура фестивал“ на 1 јуни во МКЦ

Овогодинешниот фестивал на Јапонска култура „Сакура фестивал“ годинава со богата музичка програма, со изложби и работилници на различни теми, ќе се одржи на први јуни во Младинскиот Културен Центар. Пред фестивалот организаторите најавуваат и низа промотивни настани и случувања со кои ќе се промовира јапонската култура.

„Оваа година ќе учиме од нашите јапонски пријатели како да ја почитуваме природата и да создадеме подобра иднина за сите. Применувајќи ја јапонската методологија Каизен се трудиме постојано да се подобруваме и секоја година да ви приредуваме сè подобар фестивал. Овој пат ќе влечеме инспирација преку визионерските уметнички дела, перформанси и музички изведби, ќе научиме од јапонските вештини и искуства што може да ги примениме во нашето општество, култура и само дисциплина, ќе гејмаме и ќе се забавуваме!“, велат организаторите.

Првите учесници веќе се најавени, а меѓу нив се:

Илина Јакимовска, професорка на Институтот за етнологија и антропологија која на фестивалот ќе се претстави со презентација за културата на пиење чај. Потоа Горазд Наневски, гитарист, продуцент и композитор од Скопје кој зад себе има издадено едно EP под наслов “kaizen”, како и еден сингл – “Ronin”, дел од албумот “Yugen”. Неговата музика е жанровска мешавина на елементи од progressive, djent и амбиенталниот израз.  Ертунч Сали на „Сакура фестивалот“ ќе се претстави со изложба на графики. Тој е познат по екпериментирање на различни штампачки техники меѓу кои се кујнска алуграфија, гелопринт, сито печат, линорез. Инспириран од аниме цртаните, креативноста и естетиката изразено преку манга, која за него е особено влијателна и инспиративна.

Ана Јовановска, уметник, графички дизајнер и визуелен раскажувач, на фестивалот ќе има изложба на принтови на рачно правена хартија.

Кирил Сотировски, професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, преку неговата потесна експертиза фитопатологијата во последните години истражува различни аспекти поврзани со урбаното зеленило. За фестивалот, професор Сотировски подготви филм во кој спојува две свои страсти – видеографијата и јапонските градини, на кои се воодушевувал од својата најмала возраст. Во филмот, преку несекојдневна и оригинална видео естетика, се претставуваат неколку од најпознатите паркови во Јапонија и се објаснуваат нивните најважни аспекти, како и некои од најважните генерални принципи од јапонската пејзажна архитектура. Неговата општа фасцинација со јапонската култура, е особено поттикната со принципите отелотворени во јапонските градини кои вели не се само културна традиција, туку длабока филозофија која поттикнува внимание, почит кон природата и длабоко чувство на поврзаност со неа.

Јуко Сакагучи, на „Сакура фестивалот“ ќе учествува на панел дискусија на тема: Јапонското секојдневие во хармонија со природата, додека Ивана Секулоска, младата графичка дизајнерка и учесничка на фестивалот ќе се претстави оваа година со новата колекција поддржана од Комфи ангел.

Димитар Додовски, продуцент и визуелен уметник од Битола кој издавал и настапувал со повеќе псевдоними и проекти на фестивалот ќе има перформанс на амбиентална музика базирана на грануларна синтеза, теренски снимки и медитативни делници.

Атсуши Кибајаши е професор по јапонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ кој со неговите професионални вештини за предавање на јазик сака да го зголеми интересот за јапонскиот јазик во нашата земја. На фестивалот ќе учествува на панел дискусија за односот помеѓу јапонскиот јазик и природата. Дејан Сидор кој е на македонската модна сцена од 2009 година со брендот Сидор, на фестивалот ќе учествива на фестивалот со неговата уметност во рамките на модата. Емир Јашаров е продуцент и музичар што ќе настапува со музика од Јапонската underground рап сцена.

Ова се само дел од учесниците на програмата на овогодинешното издание на Фестивалот на Јапонска култура „Сакура фестивал“нски џез fusion.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...