КУЛТУРА

Целодневен џез хепенинг во паркот “Ибни Пајко”

На 30 ти април, во паркот “Ибни Пајко,” со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на целодневниот џез хепенинг, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот.

Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти: Сашко Николовски Септет, Фани Поса Квартет, Гоце Стевковски – Богданци Реунион квартет, Лана Јањанин Квартет, Џијан Емин и Магичниот оркестар, Карлос Сардуј Грув Месинџерс од Куба.

На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.

Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.

Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...