КУЛТУРА

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ трае до 27. април

Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ трае до 27 април, а истиот се одржува во салата на Македонската филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“.

На 23 април во 20 часот, во салата на Македонската филхамонија, во склоп на фестивалот, публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект Мирисот на липите“ на Дуња Иванова на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна.

На 27 април во Лабораториум, во 21 часот, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“, нов креативен, (о)слободен, инспиративен, предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика. Во 22 часот ќе започне настапот на Поетроника“. Еден од највозбудливите проекти кој во форма на поетско-музички перформанс ја спојува македонската поезија со современа електронска музика. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од актерот Оливер Митковски, во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна. Билетите се достапни на следниве линкови: https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта)

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...