КУЛТУРА

Граѓаните немаат пристап до биокомпостарите, нема како да се остави отпадот, тврдат од „Зелен хуман град“

Компостарите за био-отпад, што ги постави Град Скопје се заклучени, запуштени и граѓаните немаат пристап до нив. Ова го тврдат од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, од каде на нивната официјална фејсбук страна споделија фотографии од компостарата поставена во кругот на ЈП „Паркови и зеленило“ на кои се гледа дека пристапот е затворен со капија со катанец.

Двајцата советници од „Зелен хуман град“ во Советот на Град Скопје, Драгана Велковска и Горјан Јовановски подолг период се залагаат за поставување 10 компостари на био-отпад, по една во секоја скопска општина, кои би имале капацитет за 24 часа секоја од нив да обработи по 2 тона био-отпад. Придобивките од компостарите, според нив се големи – освен што био-отпадот го претвораат во органско ѓубриво, со нив ќе се намали количеството на комунален отпад, како и трошокот за транспорт и депонирање на отпадот за околу 70%, ќе се елиминира самозапалување на депониите, ќе го намалат количеството испуштени стакленички гасови, ќе го доближат градот до постигнување на целта за „нула отпад“ и ќе ги зголемат одржливоста и отпорноста на градот.

Притоа, од ЗХГ повеќепати досега истакнаа дека компостарите мора да се доволно густо поставени во населбите за на сите корисници да им бидат достапни за да се обезбеди максимална ефективност во управувањето со био-отпадот. Па така, како што велат, после 4 години борба и безброј предлози, Град Скопје постави 2 компостари.
Ова е една од тие компостари, поставена во округот на ЈП „Паркови и зеленило“, но пристапот до неа е затворен со капија и катанец. Дури и да дојдете до компостарата (се пристапува од улицата кај ботаничката градина), нема начин како да оставите отпад, ниту некој што знае управува со компостарата. Откако беа поставени пред некој месец, компостарите си фаќаат прашина наместо да служат за тоа што беше нивна цел. Уште една добра идеја заврши во ѓубре, поради концептот „да направиме проект ради реда и ПР – тврдат од ЗХГ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...