МОЕ ЗДРАВЈЕ

Изложеноста на организмот на овој метал може да го зголеми ризикот од појава на срцеви болести

Постојано сме повеќе или помалку изложени на разноразни отрови, најмногу преку храната, но и преку водата за пиење, воздухот, прашината, како и разни производи и чадот од тутун.

Оловото е отровен метал и е опасен по здравјето на луѓето, особено ако се консумира или се вдишуваат неговите испарувања.

Проблемот е што природно е присутен во мали количини во почвата речиси насекаде.

Резултатите од една неодамнешна студија откриле дека труењето со олово има многу поголемо влијание врз здравјето на светската популација отколку што се сметаше досега.

Оловото е одговорно за повеќе од пет милиони смртни случаи годишно и претставува сериозна опасност за човечкото здравје.

Истражувачите, исто така, откриле дека изложеноста на токсичниот метал предизвикува малите деца во земјите во развој да губат речиси шест IQ поени во просек.

Врз основа на резултатите, тие проценуваат дека 5,5 милиони возрасни лица починале од срцеви заболувања во 2019 година како резултат на изложеност на олово, од кои 90 проценти биле во земјите со низок и среден приход. Ова претставува околу 30 отсто од сите смртни случаи од кардиоваскуларни болести, водечка причина за смрт во светот.

Тоа значи дека изложеноста на олово може многу повеќе да го зголеми ризикот за срцеви заболувања од пушењето или холестеролот. Истражувањето, исто така, проценува дека децата на возраст под пет години изгубиле вкупно 765 милиони IQ поени ширум светот поради труење со олово во 2019 година, а дури 95 проценти од овие загуби се случиле во земјите во развој.

Покрај тоа, студијата истражувала и многу други начини на кои оловото влијае на срцето, како што е стврднувањето на артериите, што може да доведе до мозочен удар.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...