АКТУЕЛНО

Започна уредувањето на дворот на средното училиште „Здравко Цветковски“

Во рамки на акцијата за целосно уредување на училишните дворови на скопските средни училишта градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со јавните претпријатија го посетија средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски”, каде на награден конкурс учениците од образовниот профил архитектонски техничар, направија анализа на потребите и барањата на сите ученици и согласно тоа изработија повеќе идејни решенија.

По детална разработка на проектите, учениците групно работеа на решенијата и детално изработија вкупно 20 проекти кои ги презентираа со 3Д анимации. Од најдобрите проекти се избрани по два елемента кои се вклучени во финалниот проект за уредувањето на училишниот двор.

– Град Скопје отпочнува со активностите за партерно и хортикултурно уредување на дворната површина во училиштето од 15.000 метри квадратни, со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која дополнително на средношколците ќе им овозможи пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници, информираа надлежнтие до Град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...