АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип Броз Тито“ ја отвори панел дискусијата, организирана по повод одбележување на глобалниот Ден на нулта дискриминација.

„Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество“, се истакнува во информацијата од Град Скопје.

На денешната панел дискусија учествуваа скопските средношколци, стручни лица, експерти, училишните психолози и педагози, директорите на училиштата кои дискутираа за организацијата на средните училишта во насока на превенција од дискриминација.

На настанот се разговараше и за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците односно за чувствата на учениците кои се изложени на дискриминација. Заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискримнација, со акцент на правните механизми за заштита, а се одржа и отворена дискусија со учениците.

Со денешниот настан се одбележува Денот на нулта дискриминација, кој има за цел да промовира различност, толеранција и инклузија..

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...