АКТУЕЛНО

Арсовска најави кривични пријави за изгласаниот ДУП во Општина Ѓорче Петров

Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, информира денеска на прес-конференција градоначалничката Данела АрсовскаКако што појасни градоначалничката Арсовска, иако морале да побараат мислење од надлежните институции, општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и во сабота е поминато на Совет на општината.

Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на  недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.

Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андреецска, вработена во Министерството за транспорт и врск, додека од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...