АКТУЕЛНО

Арсовска продолжува да ги игнорира прашањата на советниците, цела година не може да се одржи седница

Денеска Советот на Град Скопје имаше уште еден неуспешен обид да одржи седница за советнички прашања, која повторно заврши само со утврдувањето на дневниот ред, а потоа беше прекината затоа што градоначалничката Данела Арсовска веќе вообичаено не се појави во салата.

На седницата беа присутни директорите на јавните претпријатија, но според советниците, најголемиот дел од нивните прашања, прашања од граѓаните поврзани со реалните проблеми со кои се соочуваат биле наменети за градоначалничката.

Претседателот на Советот, Трајко Славески објасни дека седница за советнички прашања не е одржана од март 2023 година, односно дека вакви седници редовно се закажувале но биле неуспешни.

На 23 јануари испратив писмо до градоначалничката Арсовска со барање самата да предложи датум во периодот од 1 до 15 февруари, кој и да е датум ќе го прифатевме за одржување на седница за советнички прашања. Одговор не добив до кај 10-ти, па потоа доставив уште едно барање со молба за определување датум, нема одговор и на тоа. Водејќи се од деловникот и во согласност со координаторите на советничките групи закажав седница за денеска за поставување советнички прашања – посочи Славески, а потоа на барање на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Марија Андоновска даде пауза за да се обезбеди присуство на Арсовска на седницата.

Ниту по паузата градоначалничката не се појави да одговара на прашањата од советниците, по што координаторката на СДСМ и коалицијата, Љубица Јанчева соопшти дека ќе ја напуштат седницата.

Нашите прашања се упатени до градоначалничката, немаме прашања за присутните директори и доколку градоначалничката не е тука ние ќе ја напуштиме седницата – рече Јанчева, по што Славески ја прекина седницата.

Арсовска не само што ги игнорира седниците за советнички прашања веќе подолго време, туку не одржува ниту брифинзи ниту прес конференции на кои може да се добие одговор за актуелните случувања и проблеми во Скопје, а кои се од интерес на граѓаните. Единствен начин за нејзино информирање на јавноста се официјалните соопштенија кои ги праќа Град Скопје или преку нејзината страница на Фејсбук, но тоа се само информации за проектите со кои Арсовска сака да се пофали, а притоа за нив нема никакво подетално објаснување.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...