АКТУЕЛНО

Испакнатини на асфалтот на Кузман Јосифовски-Питу само 9 месеци по реконструкцијата

Подигнат е асфалтот на булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај комплексот банки. Оваа сообраќајница Град Скопје ја реконструираше пред 9 месеци, но за кратко време се појави испакнатини на асфалтот.

„При реконструкција целиот фокус беше на коловозот, а немаше скоро никаква промена и подобрување на условите за движење на пешаците и велосипедистите. Градежниот зафат чинеше милиони од буџетот на Град Скопје, жителите се жалеа за долгиот рок на изведбата бидејќи стоеше раскопан со недели, а само 9 месеци по завршувањето на реконструкцијата веќе се појавија колотрази на коловозот покрај рабниците. Овие испакнатини  освен што го загрозуваат движењето и безбедноста на оние кои се движат на коловозот, собираат и вода која потоа автомобилите и автобусите ја прскаат на пешаците и велосипедистите“, велат од здружението „На Точак“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...