АКТУЕЛНО

ЏАБЕ ПОТРОШЕНИ 50.000 ЕВРА: Демолирано, запуштено и полно со ѓубре детското инклузивно игралиште во Влае

Детското инклузивно игралиште во населбата Влае, до плоштадот Делфина е целосно запуштено. Иако игралиштето секој ден е полно со деца од околните згради на кои ова им е единствено место за играње, никој не се грижи за него. Општина Карпош како да го заборавила па тоа стои со искршени реквизити и полно со ѓубре.

Лулашките кои беа наменети за децата со посебни потреби се искршени и извадени, стојат сама шипките на кои беа поставени. Подот кој е прилагоден за деца во делови е изваден, а не функционираат и дел од останатите реквизити. Освен што е демолирано, преполно е со ѓубре, па децата играат меѓу кеси, пластички шишиња и друг отпад.

Инклузивното детска игралиште беше направено во време на ексградоначалникот Стефан Богоев и чини 50 илјади евра. Финансиери на проектот беа Министерството за локална самоуправа, Швајцарскатата агенција за соработка и развој и Општина Карпош

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...