АКТУЕЛНО

Арсовска и Мазнева не поднеле кривични пријави за вработени во „Комунална хигиена“ кои ги нарекоа мафијаши

Нема поднесено никакви кривични пријави против вработени во ЈП „Комунална хигиена“ кои не оделе на работа, а земале плата. Иако градоначалничката Данела Арсовска и директорката на претпријатието тврдеа дека спречиле мафијашка група и дека ќе бидат поднесени кривични пријави, до сега ниту градоначалничката ниту директорката тоа не го стоиле. Ова вчера го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во дневникот на телевозија Сител.

„Ваква пријава за конкретниот случај нема пристигнато. Имаше пријава за блокадата во претпријатието и таму каде што беа исполнети условите за да се одблокира и да може да работат работниците на ‘Комунална хигиена‘ тоа го направивиме. Мене ми е многу жал што се доведовме во состојба, денеска, во 2023 година, да разговараме дали Скопје треба да тоне во ѓубре или не“, рече Спасовски.

И од Обвинителството вчера изјавија дека нема ваква пријава до нив.

Арсовска цел свој мандат при секоја кавга и разрешување на директори вели дека открила криминали и ќе поднесе кривични пријави, но досега нема поднесено ниту една.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...