МАГАЗИН

Холивудските глумци на штрајк

Синдикатот на американските глумци вчера објави дека официјално ќе стапи во штрајк од полноќ денеска, т.е. 9:00 часот по средноевропско време. Според познавачите, оваа одлука може целосно да го парализира Холивуд и да ѝ нанесе тежок удар на филмската индустрија, каде што продукцијата на филмови и серии веќе е во застој поради штрајкот на сценаристите.

„Националниот совет на САГ-АФТРА гласаше едногласно за штрајк против студијата и дистрибутерите“, изјави Данкан Крабтри-Ајрланд, национален претседател на синдикатот што претставува 160.000 глумци и други професионалци на големиот и малиот екран.

Здружението на работодавачи, од друга страна, соопшти дека се „доста разочарани“ бидејќи синдикатот „одлучил да ги прекине преговорите“. Извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер дури и ги критикуваше „нереалните“ барања за „Си-ен-би-си“.

Засега синдикатот на глумците, како и тој на сценаристите, бараат ревалоризација на нивните приходи што се во опаѓање, меѓу другото, и поради интернет-преносите. Покрај тоа, тие бараат гаранции во однос на употребата на вештачката интелигенција, за да се спречи таа да пишува сценарија или да ги копира нивните гласови и ликови.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...