АКТУЕЛНО

СКОПЈЕ СМРДИ: Патеките околу контејнерите прелеани со исцедок од ѓубре, никој не ги мие

Непријатна мизизба се шири низ Скопје откако три дена ѓубрето од контејнерите не се собираше. Од вчера контејнерите почнаа да се празнат откако работниците на ЈП „Комунална хигиена“ го прекинаа штрајкот, но просторот околу нив смрди од исцедокот од ѓубрето кои се трупаше. Смрдат и самите садови за смет.

Просторот и патеките околу контејнерите не се мијат, па поради топлото време миризбата е неподнослива. Не се поминува покрај нив, а голем дел се наоѓаат на пешачки и велосипедски патеки.

„На Скопје му треба едно големо перење и целосна дезинфекција. Не може само да се собере ѓубрето, а да не се измијат тротоарите кои се лепат од исцедокот од ѓубрето и се шири смрдеа“, велат граѓани.

Скопје три дена беше затрупано во ѓубре откако вработените престанаа да го собираат ѓубрето бидејќи директорката Косана Мазнева-Николиќ избрка 50-тина вработени.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...