АКТУЕЛНО

СПАСОВСКИ: Ќе има кривични пријави за они кои го загрозуваат здравјето

Сите кои го загрозуваат здравјето на граѓаните ќе одговараат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за проблемот со ѓубрето во Скопје.

“Навистина, ниту Скопје ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминативе денови. Еколошка катастрофа, која ги загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирањата да влијаат врз животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, Комуналниот инспекторат и од Инспекторите на Град Скопје за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители што придонесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави“, рече Спасовски.

Спасовски вели дека е поднесена кривичната пријава за насилство оти работници биле нападнати од други вработени во „Комунална хигиена“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...