АКТУЕЛНО

Општините бараат Арсовска да им ја даде „Комунална хигиена“

Скопските градоначалници бараат градоначалничката Данела Арсовска да го расформира ЈП „Комунална хигиена“ и механизацијата да им ја даде нив. Велат дека Арсовска не е способна да го води Градот што се виде со состојбата со ѓубрето и затоа бараат тие да ја преземат таа должност.

„Тоа беше и согласување од страна на градоначалничката пред неколку месеци која што истото го изнесе на еден од состаноците како став дека треба ‘Комунална хигиена‘ да се расформира и да ни се предадат надлежностите нам. Ние сметаме дека со многу помалку ресурси за она што го плаќаат граѓаните ќе овозможиме многу поквалитетна услуга од оваа услуга која што ја нема денеска“, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Ѓубрето во Скопје се уште не е исчистено иако вработените во „Комунална хигиена“ вчера пречинаа со штрајкот и се вратија на работа. Скопје буквално беше затрупано во смет па потребни ќе бидат неколкку дена состојбата да се врати во нормален тен.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...