АКТУЕЛНО

ССМ: Мазнева не смее да се заканува и да го избрка од работа првиот синдикалец на „Комунална“

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска најостро ги осуди заканите кон вработените во ЈП „Комунална хигиена“ Скопје по објавеното видео во медиумите каде што се слуша како директорката Косана Мазнева-Николиќ упатува закани и навреди кон вработените.

„ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба која ја води за работниците.Укажуваме дека на претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП ‘Комунална хигиена‘‚ се вели во соопштениеот од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од ССМ велат дека целосно ги поддржуваат вработените кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.

„Работниците се извинуваат на граѓаните поради тоа што не се собира сметот и ги инфирмираат дека револтот е против раководството на ЈП Комунална хигиена“, додаваат од ССМ.

Скопје втор ден смрди и е затрупано во ѓубре оти работниците не ги празнат контејнерите. Велат дека така ќе биде додека не се исполнат нивните барања и додека Манева-Николиќ не си даде оставка од функцијата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...