АКТУЕЛНО

ДЕПОНИЈА СРЕДЕ ЦЕНТАР: Капиштец затрупан во ѓубре

Во населбата Капиштец, веднаш до монтажното паркиралиште и отспротива на Католичката црква со месеци стои огромна депонија со градежен шут и ѓубре. Во објектот што еден период беше кафуле со хостел и каде имаше детски реквизити, сега и од предната и од задната страна е расфрлан испокршен мебел, даски, метални конструкции, а кабли висат од сите страни. Овој дел ниту е затворен, ниту безбеден за сите минувачи, а особено за децата.

Нашата редакција ги испрати фотографиите до Општина Центар, од каде очекуваме брза реакција и расчистување или наредба до сопствениците на објектот да ја средат депонијата среде Центар.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Игралишта, автобуски постојки и други локации во скопски Центар ќе бидат под видео надзор

Советот на Општина Центар на 35. Седница на советот го прифати предлогот...

АКТУЕЛНО

ГЕРАСИМОВСКИ: Утре го прославуваме животот на Горан Стефановски

Утре (27. април) со почеток од 12 часот кај муралот на Горан...

АКТУЕЛНО

Меѓународна конференција „Научен и публицистички интегритет во биомедицината“ во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска се одржува конференција...

АКТУЕЛНО

Доделување грантови од РЦФ за стручно образование и обуки

Во Стопанската комора ќе бидат официјално соопштени и доделени грантовите во Северна...