АКТУЕЛНО

НАСКОРО ЗОНСКО И ВО ДРУГИ ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ: Паркирање ќе почне да се наплаќа во Стар Аеродром, Мичурин, Автокоманда

ЈП Градски паркинг годинава по барање на граѓаните за првпат ќе воведе зонско паркирање уште во пет скопски општини. Освен во Општина Карпош, претпријатието има намера да воведе зонско и во општините Аеродром, Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Сарај.

Според програмата на Градски паркинг, за зонско паркирање се предвидени населбите Стар Аеродром, Мичурин, Реонски Центар, Ново Лисиче во Аеродром, како  населбата Автокоманда. Кој делови од општините Чаир,  Кисела Вода и  Сарај ќе бидат обележани со зонски паркинзи, засега не се знае.

„Во Општина Аеродром планирано е проширување на зона Д9 во Стар Аеродром, како и уредување на нова подзона Д10 во Мичурин во рамки на населба Мичурин, односно улицата Симеон Кавракиров на потег од Транспоретен Центар до улицата Руди Чајавец. Исто така, предвидено е да се започнат активности со кои би се уредил сообраќајот во мирување на јавните површини наменети за паркирање во рамки на Реонски Центар и Ново Лисиче“, се наведува во инвестиционата програма на јавното претпријатие.

Сите овие нови места за зонско паркирање е предвидено да влезат во зона Д, или т.н. бела зона, каде еден час паркирање се наплаќа 25 денари. Од ЈП Градски паркинг се уште не е утврден точниот број на места за паркирање, кој дополнително ќе се знае, согласно утврдените места предвидени за паркиралишта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...