АКТУЕЛНО

Доделување грантови од РЦФ за стручно образование и обуки

Во Стопанската комора ќе бидат официјално соопштени и доделени грантовите во Северна Македонија од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кои беа објавени неодамна, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот.

-По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер-претпријатија во Северна Македонија во износ од 7,13 милиони евра.

На третиот повик за предлог-проекти, пристигнаа 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 беа од Северна Македонија.

Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекта од Северна Македонија со вкупен износ од 951. 905 евра.

Овие средства ќе се искористат за подобрувањена инфраструктурата на образовните установи и за обезбедување обука на учесниците во програмата за кооперативно образование.

Настанот ќе претставува можност за претставување на најуспешните проекти и заедничко прославување на нивниот успех, соопшпти РЦФ.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) ја поттикнува одржливата конкурентност на бизнисите од земјите од Западен Балкан на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование кое во соработка со претпријатијата треба да одговори на потребите од одредени вештини.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиска институција чија цел е зголемување на конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи застручно образование и претпријатија.

Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...