КУЛТУРА

„Посвети и пофалби“ – нова стихозбирка од Иван Џепароски

Screenshot

„Посвети и пофалби“ е насловот на новата поетска книга на Иван Џепароски што деновиве се појави во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е објавена во познатата едиција „Синтези“, со поговор на Кристина Николовска, под наслов „Со стих кон стихот“.

Генералната оценка во толкувачкиот прилог е дека „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски е проект со впечатливи творечки и креативни достоинства, „поетско дело кое на стабилен и моќен начин покренува важни теми од нашата култура.“ Во оваа смисла Николовска подвлекува: „Тоа е прекрасен поетов глас, искрен и интимен однос кон поезијата, кон филозофијата во поезијата, арс-поетиката и поетската херменефтика. Со ова дело македонската литература, добива извонредно остварување кое преку стих покренува, третира и толкува серија важни прашања од нашиот културен, научен и творечки амбиент.“

Иван Џепароски (1958) е поет, филозоф, естетичар, критичар, преведувач и антологичар. Автор е на четириесетина дела од областа на поезијата, на естетиката и културната теорија, како и составувач на поетски антологии и на книжевно-теориски и естетички избори.

За своето творештво добитник е на наградите „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Парадигма“, „Браќа Миладиновци“, „Книжевен жезол“ и „Константин Филозоф“. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“, највисоко признание за поетски превод.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...