МАГАЗИН

Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле

На годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански ‘рт која доаѓа од Чиле.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави” еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии… Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...