КУЛТУРА

Книжевна средба со Мајнхард Раухенштајнер

Денес, 25 април (четврток) со почеток во 18 часот, во соработка со Австриската амбасада, во Europe House во Скопје ќе се одржи претставување и разговор со австрискиот писател Мајнхард Раухенштајнер.

„Кога сум сам, третиот ми пречи” е збирка раскази на Мајнхард Раухенштајнер објавена на германски и македонски јазик во превод на Марија Гиревска.

Мајнхард Раухенштајнер, роден во 1970 година во Виена, студирал филозофија, теологија и филмска уметност. Пишувал за „Франкфуртер Хефте” и за „Морген”. Публикувал во дневни весници и во периодични списанија. Седум години предавал на Универзитетот за применети уметности во Виена, на отсекот за фотографија. Повеќе од 20 години работи во Кабинетот на претседателот на Австрија како раководител на Одделот за наука, уметност и култура. Досега објавил три збирки раскази и кратка проза, „Мал абецедар на државната посета” (2011, ново дополнето издание 2020 година), „Двонасочна улица” (2021) и „Разни смртни случаи” (2023). Од филмската продукција, познат е по неговите кратки филмови „Есен” (UA Diagonale 2016), „Папа Рома” (UA Diagonale 2020) и „Антифашистичка зоолошка градина” (UA Diagonale 2022).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...