СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода на 16 април, вторник, од 12 часот, „Суперхикс“ ги покануваат сите на слушачка, а и малку свирачка промоција на новиот албум „Сила и нервоза“.

„Истиот е снимен во студио ‘ТРА ЛА ЛА’ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на цеде формат и на сите музички платформи. Наскоро го очекуваме и печатењето на винилот за истиот“, велат од бендот.

Од таму посочуваат дека „Суперхикс“ оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј и ова е само една од активностите кои се подготвуваат.

„Секако, централната манифестација ќе се случи на 29 јуни, оваа година, во паркот кај салата Расадник каде ‘Суперхикс’ со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт. Ве очекуваме!“, стои во поканата не бендот.

Инаку, „Суперхикс“ вчера го објавија и својот прв сингл, правен заедно со „Фолтин“, како најава за истоимениот албум – „Сила и нервоза“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...