АКТУЕЛНО

Компостарите фаќаат прашина, стојат заклучени и се без пристап за граѓани

Компостарите за био-отпад се заклучени и не се пристапни за граѓаните. Таква е онаа што е поставена во кругот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, информираат од „Зелен хуман град“.

– Пристапот до неа е затворен со капија и катанец. Дури и да дојдете до компостарата (се пристапува од улицата кај ботаничката градина), нема начин како да оставите отпад, ниту некој што знае да управува со компостарата. Откако беа поставени пред некој месец, компостарите си фаќаат прашина наместо да служат тоа што беше нивна цел – реагираат од „Зелен хуман град“, потенцирајќи дека уште една добра идеја завршила во ѓубре, поради, како што наведуваат, концептот „да направиме проект ради реда и ПР“.

Двајцата советници од „ Зелен хуман град“, Драгана Велковска и Горјан Јовановски  четири години водеа борба да се постават компостари за био-отпад и тоа 10, во секоја скопска општина по една.  Секоја од биокомпостарите би имала капацитет за 24 часа да обработи по 2 тона био-отпад. Притоа, од „Зелен хуман град“ повеќепати досега истакнаа дека компостарите мора да се доволно густо поставени во населбите за на сите корисници да им бидат достапни и да се обезбеди максимална ефективност во управувањето со био-отпадот.

По низа нивни предлози, Град Скопје постави две кои требаа да бидат наменети за да дозволат оставање на био-отпад од страна на граѓаните кој досега завршува на депонија (60% од вкупниот отпад во Скопје).

Првата компостара, градоначалничката Данела Арсовска ја промовираше на крајот на февруари годинава. Таа е со капацитет на преработка од 1.000 килограми биоразградлив отпад за 24 часа, а користи еко-аеробен метод, со што се добива висококвалитетен компост подготвен за употреба во рок од три до седум дена.

– Со овој начин на третирање на отпадот, значително се намалува неговиот волумен, односно 1.000 килограми био-отпад се трансформира во 150 до 200 килограми компост. Тоа е намалување на волуменот за 80 до 85 проценти, со што се олеснува процесот за негово користење и складирање. Исто така, со процесот на компостирање значително се намалуваат трошоците за управување со отпадот, со тоа што од органскиот отпад се добива висококвалитетен компост за соодветна употреба во скопските јавни претпријатија – соопштија тогаш  градските власти.

Втората автоматска биокомпостара беше промовирана на 13 март годинава и е со капацитет на преработка од 1.000 килограми биоразградлив отпад за 24 часа, со користење на еко-аеробен метод, при што, како што беше кажано се добива високо квалитетен компост подготвен за употреба во рок од 3 до 7 дена.

Ниту од јавното претпријатие „Паркови и зеленилo“, ниту од Град Скопје не одговорија зошто компостарите се заклучени и не се употребуваат иако беа промовирани.

ИЗВОР: Вечер.пресс

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...