СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот  „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.

Повеќенаградениот филм „Жена-Убиец / Фониса “, кој е овогодишен успех во Грција, се базира на истоименото ремек-дело на грчкиот писател Александрос Пападијамантис (1851 – 1911). Романот „Жена-Убиец / Фониса“ се однесува на мачната позиција на жената во 1900 година. Заплетот на филмот се врти околу Хадула, една измачена постара жена, на еден грчки остров, која се доведува до ситуација да убива женски новороденчиња од сиромашни семејства, бидејќи верува дека тоа ќе ги спаси и нив и нивните родители од нивното страдање.

Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Влезот е бесплатен.

Фестивалот на грчки филм се прикажува и во Битола, при што вечер во киното Манаки ќе биде прикажан краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, а потоа и филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис. Во Битола Фестивалот ќе се затвори утре вечер, со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос и „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...