СЦЕНА

Медална скулптура на Надја Розева во Чифте амам

На 11 април 2024 година, четврток, во 19:30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметнички медали и други дела на Надја Розева. Медалните скулптури се создадени помеѓу 2003-2024 година. Ова е прва изложба од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста кон интригантниот жанр на уметничкиот медал. Розева во својата изложба вклучи еден од архитектонските и културните симболи на Скопје – Старата пошта со идеја да го насочи вниманието на јавноста кон итната потреба од нејзино реставрирање. Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година.

Розева е уметник и дизајнер, кој работи во областа на медалната скулптура, јувелирството и продукцискиот дизајн. Таа е студентка на проф. Богомил Николов, кој од неодамна е прогласен за почесен доктор на Националната академија на уметности (НХА) во Софија и е добитник на најпрестижната светска награда за медална скулптура на Американското нумизматичко здружение „Салтус”. Розева почнала да изработува медална скулптура пред повеќе од 20 години по завршувањето на постдипломските студии по маркетинг на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, САД. Во 2003 година, таа беше поканета да учествува на работилницата за медална скулптура на проф. Николов во студиото за медална скулптура во Националната академија на уметности (НХА). Работела од далечина под негов надзор неколку години, а потоа магистрирала на одделот „Медал” на НХА. Розева има неколку специјализации за Издаваштво на Универзитетот во Њујорк – New York University (2000), Културна дипломатија (International Institute for Cultural Diplomacy), Берлин (2015), Културен менаџмент на Виена Унивезитат – Wien Univesitat (2019). Во текот на времетраењето на изложбата, Надја Розева ќе има презентација и ќе одрши предавање за жанрот на уметничкиот медал, како и ќе одржи работилница со студенти од различни универзитети.
Делата на Надја Розева се откупени за постојаните збирки на Британскиот музеј во Лондон, Кралскиот кабинет за монети, Стокхолм, Шведска, музејот Берген на Универзитетот во Берген, Норвешка, Националната уметничка галерија, Софија, Бугарија, Музејот на монети и Медали во Кремница, Словачка итн.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...