СЦЕНА

Kонцерт „Светлина“ со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски во Македонската филхармонија

Во Филхармонијата вечерва, ќе се одржи концертот „Светлина“, на кој како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ (Србија/Германија), концертмајстор на Радио-оркестарот на Минхен. Диригент на концертот „Светлина“ е маестро Оливер Балабурски.

– Првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 на еден од највлијателните современи живи композитори, Петерис Васкс од Латвија. „Чиста убавина на звукот“ – така е опишано ова дело со наслов „Далечна светлина“, а создадено во 1996 година на барање на латвинскиот познат виолинист Гидон Кремер. По скоро две децении од неговото создавање, денес овој концерт е веќе класика и е дел од репертоарот на големите симфониски оркестри. Петерис Васкс во ова дело ги внел својата душа и меланхолична страст, неговите силни врски со природата, верувањата и идеалите кои ги гледа како полека исчезнуваат насекаде, и претставува центар на севкупното негово творештво, велат од Филхармонијата.

Диригент на концертот Оливер Балабурски, кој долги години живее и твори во Канада, со Филхармонијата ќе диригира по подолг период пауза.

– Оваа вечер, заедно со оркестарот на Филхармонијата и маестро Балабурски, ќе биде изведена и Симфонијата бр. 4 во F-moll, оп. 36 од рускиот музички гениј Петар Илич Чајковски. Токму Четвртата симфонија претставува своевиден автопортрет – симфониски хибрид, во кој се вкрстуваат архитектонската форма со поетиката на симфониската поема, посочуваат од Македонската филхармонија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...