СЦЕНА

Четири филма од Вишеградската група во Кинотека

Четири филма ќе бидат прикажани во Кинотеката во Скопје во рамките на априлската филмска програма како дел од циклусот „Вишеградска група В4 филмски вечери“, посветен на кинематографиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија кои се дел од Вишеградската група.

Циклусот ќе започне на утревечер (5 април) во 20 часот со проекцијата на комедијата „Празни шишиња“, во режија на Зденек Сверак. Следува проекцијата на „Студена војна“ на Павел Павликовски (6 април), „Инвалид“ на словачкиот режисер Јонас Карасек (12 април) и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок од Унгарија(13 април). Сите проекции се бесплатни за сите посетители.

„Празни шишиња“ е приказна за 65-годишниот наставник Јозеф кој се повлекува од наставата откако бил прекорен затоа што полил со вода еден негов дрзок ученик. Избегнувајќи ја својата сопруга која е разочарана од него, тој се вработува во одделот за враќање шишиња во супермаркет во Прага. Кога не фантазира за жени на половина негова возраст, Јозеф почнува да шпекулира и да ги нарушува животите на клиентите и соработниците. Како автори на филмот се потпишуваат Јан и Зденек Сверак, можеби најпознатиот тандем во чешката кинематографија, кои за филмот „Коља“ од 1997 година имаат добиено „Оскар“ за најдобар странски филм. Јан (синот) се потпишува како режисер, а Зденек Сверак е сценарист и ја игра главната улога во филмот. Тоа е комедија во најдобриот манир на чешката кинематографија и не случајно беше еден од најгледаните чешки филмови во 2007 година.

„Студена војна“ е филм за композиторот Виктор и уметницата Зула, две индивидуи од различни социјални средини, се сретнуваат и се заљубуваат, веднаш по Втората светска војна. Набрзо Виктор почнува да ја убедува девојката да ја напуштат комунистичка Полска и да пребегаат во Франција, во потрага по подобар живот. Филмот по сценарио и во режија на Павликовски, можеби е најпрепознаен по неговиот претходен филм, драмата „Ида“. И двата филма се снимани во црно-бела техника. Премиерата ја имаше на фестивалот во Кан, пролетта 2018 година. Веднаш по премиерната проекција, филмот доби пофалби и позитивни рецензии, станувајќи еден од најфалените европски филмови во последнава декада. „Студена војна“ се закити со три номинации за „Оскар“, како и повеќе номинации и неколку награди на доделувањето на Европските филмски награди. Директор на фотографија е полскиот кинематографер Лукас Жал.

„Инвалид“ на словачкиот режисер Јонас Карасек е филм за Лако, некогашен работник на одржување во локален музеј во еден мал анонимен град во Словачка. Неговиот незгоден карактер го доведува во тешка ситуација. Тој останува инвалид по една средба со група безмилосни измамници. Врзан за инвалидска количка и со неговиот живот во спирала, сфаќа дека правдата изгледа неостварлива, па одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија. Во тоа му помага неговиот нов пријател Габо, локален Ром, кој му овозможува на Лако да ги види работите од нова перспектива. Приказната на филмот се одвива во времето пред влезот на Словачка во Европската унија и се соочува со сè уште актуелните теми на расизам, депресија, семејно насилство и нефункционален систем преку навидум едноставна приказна за работник за одржување во потрага по правда кој тргнувајќи во одмаздничка мисија открива врски на пријателство на најнеочекуваните места.

„Плоштад Москва“ е првиот долгометражен проект на унгарскиот филмаџија Ференц Торок, еден од попознатите средноевропски филмски дејци. На почетокот на двеилјадитите токму ова остварување се закити со националната награда за дебитантски филм на Унгарскиот филмски фестивал. Торок е активен член и на Европската филмска академија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...