АКТУЕЛНО

Скопјани ги „дишат“ одлуките на советниците на ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Градска.мк

Автобусите на ЈСП низ скопските улици, чадат, се запалуваат, не само што загадуваат, туку се ризик и по животот на тие што се возат во нив. Апелот е постојано да се користи јавниот превоз, наместо автомобилите, за почист воздух, но како да ги натерате луѓето да ги напуштат возилата со ваков јавен транспорт?

Реалноста е дека Скопје е во агонија, инстутциите на Градот се затворени, не одговараат на новинарски прашања. Најстрашна е состојбата со јавниот превоз, автобусите често доцнат, ЈСП живее на апарати и секој месец закани за штрајк поради неисплатени плати, возачите своето незадоволство го истураат на патниците, ги кратат релациите, полнат гориво со полн автобус патници, се караат, не пуштаат греење/ладење.

Советот на Град Скопје е во состојба на клиничка смрт. Во последно време едвај се гласаат и субвенциите за јавните претпријатија и освен кавгите и препукувањата помеѓу Арсовска и советниците на ВМРО-ДПМНЕ не се случува ништо паметно. А најголемиот апсурд е што Арсовска беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ама сега се скарани и советниците на оваа партија се против сите предлози, а тоа особено се однесува на јавниот превоз.

Но едно забораваат, а во новата програма велат дека се во фокус граѓаните, тоа е дека ги измамија граѓаните со градоначалник на Скопје кој не само што не го среди градот како што вети, туку го уништи. Тие истите советници на ВМРО-ДПМНЕ се против БРТ,  за што плаќаме и пенали, се против нови автобуси, а велат дека се грижат за граѓаните, како да им веруваме?

Шилегов ги набави последните 33 автобуси во 2020 година

Во мандатот на претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во 2020 беа набавени 33 еколошки автобуси, додека пак иако градоначалничката Данела Арсовска ветуваше модерен јавен превоз во предизборната програма „Модерно Скопје“ како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, сепак не го продолжи ни проектот за БРТ, ниту пак набави други автобуси.

ЈСП во 2021 работело со 140 исправни возила, а во 2022 се ставија во функција 270 исправни возила. За 2023 година нема информации иако ниту приватните автобуси не се нешто многу квалитетни бидејќи се со просечна старост од 20-30 години.

Во 2019 на пример од вкупно 417 автобуси, исправни биле само 262, а во оптек биле само 209, половина од она што се води како возен парк на ЈСП (податоци за 2019, јан-јун) додека пак 155 од автобусите биле неисправни.

Телма во декември 2018 пишуваше дека 30 црвени од кинеските биле претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински, кои во тој период беа стари во просек 7 години.

Некои биле расипани уште од 2015, со дефекти на мотори и менувачи, а сервисирањето било скапо, комплицирано и економски неисплативо, зошто во меѓувреме овие автобуси служеле како депо на резервни делови и се ваделе други делови. Се ваделе мотори, менувачи, прозорци, шофершајбни, кочници, столчиња, и др. за да ги стават во затворените двокатни.

Секојдневно сведочиме на постојаните дефекти на кинеските и украинските за кои се дадени 54 милиони евра и стравуваме од нивно самозапалување возејќи се.

ВМРО, Левица и Зелен хуман град против изградбата на автобуско метро во Скопје

Иако Арсовска со месеци  ја одложуваше реализацијата на автобуското метро – Бас рапид транзит, во ноември минатат година од Град Скопје соопштија  дека ги коригирале пречките на проектот .

Но, реализацијата на алтернативен јавен превоз во Скопје ја закочија советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Зелен хуман град.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на изградбата на автобуското метро, порачувајќи дека проектот не бил дел од програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат оскудни информации за проектот, не знаат дали ќе се гради нов мост Обединети нации во Карпош, дали ќе се уништело средишното зеленило по булеварите и паркот во Ново Лисиче и какви автобуси ќе се набавеле за идните линии.

Од Левица пак  побараа во Скопје наместо БРТ да се градел трамвај.

Инаку, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на 15 ноември минатата година го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Владата ги обезбеди и неопходните 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за изградба на двете БРТ линии меѓу Ново Лисиче и Ѓорче Петров и меѓу Бутел и Пинтија.

 

ИЗВОР: Градска.мк

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...