АКТУЕЛНО

Кој ја полни со ѓубре реката Серава во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски во предизборниот период како едно од главните ветувања што ги даде пред граѓаните беше уредувањето на кејот на реката Серава што минува низ оваа општина. Сепак реалноста е поинаква, на фејсбук страницата го „Те сакам Бутел“ објавени се фотографии на кои се посочува дека општинско возило исфрла ѓубре токму покрај реката Серава.

Откога дојде на градоначалничката функција, Дарко Костовски започна со проектот за чистење и уредување на кејот на реката Серава. На 3 ноември 2021 година, тој најави дека е започнато чистењето на речното корито кое требаше да трае до пролетта 2022 година, кога беше планирано да отпочне уредувањето на самиот кеј.

Костовски во мај минатата година најави дека „Општина Бутел наскоро ќе го уредува речното корито на Серава“, но тоа веројатно остана само најава.

Реката Серава е веќе е во критична фаза, а жителите се загрижени од можната појава на зараза од ѓубрето на сите страни.

 

 

Извор: Градска.мк

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...