АКТУЕЛНО

Врвен мотивациски перформанс на Ана Дорник во Скопје

Веднаш по големиот спектакл кој ќе се случи во МТС салата во Белград, Ана Дорник доаѓа во Скопје со свој мотивациски пефроманс, насловен ТрансформациЈА.

Нејзиното гостување е закажано за 8. април, во хотел Холидеј Ин, со почеток во 19 часот.

Ана Дорник е една од 8-те жени која заболела од рак на дојка во Србија. Таа е НЛП мајстор, но пред се хуманист, мотиватор и филантроп. Ана Дорник е жив тестамент за триумф која ја претворила својата битка со ракот на дојката во животно искуство кое ги инспирира луѓето ширум Србија и регионот.

Инаку, таа е основач на здружението за едукација, превенција и поддршка на заболените од рак на дојка “Жена уз жену” и автор на книгата “Ти си та”, која е препознаена како психолошка поддршка за девојчиња и жени кои се лекуваат од рак на дојка, но и како водич за здрави жени. Книгата е донирана во многу институти, клиники и здравствени центри низ Србија и регионот.

Таа е добитничка на наградата за животно дело и исклучителен придонес во борбата со рак на дојка за 2022 година. Од 2023 година станува членка на Управниот одбор на Форумот на пациенти на Србија. Добитник е на наградата за исклучителен придонес во борбата против ракот на дојката од страна на руско-српската фондација за култура и наследство.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...