АКТУЕЛНО

Мазнева со контра одговор на Арсовска: Допрва ќе се дознае вистината дали некој правел матни зделки

Неработење, а не судир за бизнис зделки. Ова била причината поради што екс директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ беше разрешена од директорската фукнција. Со вакво тврдење денеска излезе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која на нејзино место го назначи Гоце Трајковски.

Таа рече дека секој што не работел како треба ќе биде разрешен, оти ниту една позиција не била загарантирана, пренесува АЛФА.

– Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје.

Наводите се премногу паушални и општи и ќе се докажат во некои идни постапки. Ова за Алфа го изјави екс директорката на скопски „Комуналец“, Косана Мазнева, која не сакаше да коментира туѓи изјави.
Рече дека ако некој правел матни зделки, допрва ќе се дознае вистината.
– Туѓи изјави навистина не можам да коментирам, ама она што може да кажам барем додека бев на чело на претпријатието се. Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците. Причините се премногу општи и паушални, рече Мазнева Николиќ.
Конкретно на прашањето дали станува збор за местење на тендери, Мазнева рече дека дека сите наводи што се кажани од било кој треба да се проверат, и ако има такво нешто институциите, да постапат.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...