МАГАЗИН

Целодневен штрајк на вработените во општинските служби на Лос Анџелес

Вработените во општинските служби во Лос Анџелес стапија во 24-часовен штрајк поради „злонамерно договарање на владини претставници за условите на новиот (колективен) договор.

Неколку илјади градски работници, вклучително и механичари, спасувачи и работници во јавниот транспорт, протестираа пред градското собрание и на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, обвинувајќи ја градската управа за нефер третман за време на работните преговори.

„Градските работници се клучни за функционирањето на услугите за милиони граѓани на Лос Анџелес и за нашата локална економија“, рече градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас.

Таа додаде дека работниците заслужуваат фер договори, а градот секогаш ќе биде достапен за преговори. Станува збор за уште еден масовен штрајк во вториот по големина град во САД во последните неколку месеци, откако претходно штрајкуваа холивудските писатели и актери.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...