More Info

Read More

Date

Апр 01 2023
Expired!

Time

8:00 pm - 12:00 am

Cost

1.00ден

ПРОЕКТ ЛЕПА БРЕНА

ТЕАТАРСКАТА ХИТ ПРЕТСТАВА “LEPA BRENA PROJECT” НА КУЛТНИОТ БЕЛГРАДСКИ БИТЕФ ТЕАТАР, ПРЕМИЕРНО ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА! 1ВИ АПРИЛ, 20 ЧАСОТ Беше некогаш една земја. Југославија. Во таа земја, Лепа Брена не беше само најголема музичка ѕвезда, туку и симбол на шоу – бизнисот и просперитетот. Преку нејзината кариера, Брена ги проследи сите социјалистички и пост – социјалистички трансформации, економски растoви и падови, како и распадот на земјата, војната, нерезонското постјугословенско трупање на богатство… па се’ до евидентната носталгија за таа земја која, секој ден е се’ поголема поголема, дури и кај оние кои не ја доживеале. Преку најголемиот шоу – бизнис симбол на Југославија, “LEPA BRENA PROJECT” се бави со последните децении на овие простори, со гордоста и болката, со разочарувањето и надежта, и со нас самите. Низ различни танцови, музички и театарски јазици, култниот белградски БИТЕФ театар има создадено полигон за развој на театарското искуство преку кој публиката станува дел од дијалог во кој сопствените спомени и лични искуства служат како примарен контекст за разбирање на нашето колективно минато. Претставата стана хит кој ги руши сите рекорди на посетеност, бележи успех во целиот регион (а, ние наместо регион, слободно ќе кажеме – цела бивша Југославија) и е посетена и од гледачи кои никогаш порано не биле на театар.