Date

Мај 10 2023
Expired!

Time

8:00 pm - 9:00 pm

Cost

300.00ден

ЖЕНСКА ГАРДЕРОБА

,,Женска гардероба“ е современа комедија која ни го открива и ни го покажува она што публиката најчесто не може да го види — животот на актерите зад сцена. Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува се гардеробата и театарот со сета негова магија и страст.

Ова е аспект кој чешкиот автор Арношт Голдфлам (драмски автор, драматург, режисер и актер) ни го носи со леснотија и успева да ни ја отвори вратата на светот зад сцената.