КУЛТУРА

Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга

Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на книга. Тоа што радува е големата посетеност на вториот ден од саемот, во чии рамки се и организираните посети на учениците од основните училишта кои доаѓаат од различни градови. За посетителите радува фактот што на едно место можат да ги најдат новите дела  на своите омилени автори.

Од повеќето издавачки куќо кои дадоа изјава денеска на Саемот, можеме да забележиме исти и слични ставови, но кај некои сосема поинакви.

ИМАМЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ДЕЦА СО ОВИЕ ОРГАНИЗИРАНИ ШКОЛСКИ ПОСЕТИ, НИЕ СМЕ МНОГУ ЗАДОВОЛНИ И НАВИСТИНА Е ГОЛЕМ ИНТЕРЕСОТ И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ТАКА ВО НАРЕДНИТЕ САЕМСКИ ДЕНОВИ, ИЗЈАВИ ФИЛИП БАТКОСКИ ОД  КНИГОИЗДАТЕЛСТВО ,,БАТА ПРЕС”.

Во многу голем подем е македонската книжевност и ние сме многу среќни поради тоа, иако се уште има интерес и за странските автори. Новата концептуална поставеност на саемот за издавачите е особено важна, затоа што големите издавачки куќи сега се на посебно место, додека малите се во централна позиција на просторот. Тоа е можност малите издавачки куќи да се претстават и да имааат поголема видливост на овој саем.

ОНА ШТО МИ Е НАЈПОЗИТИВЕН ВПЕЧАТОК Е УРЕДУВАЊЕТО НА ШТАНДОВИТЕ ОВАА ГОДИНА. СЕКОЈА ЧЕСТ И НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И НА ОНИЕ ШТО ГО УРЕДУВАА НА ШТАНДОВИТЕ МНОГУ Е ПОПРЕГЛЕДНО. ЦЕЛАТА ХАЛА Е КАКО ЕДНО ШАРЕНИЛО КОЕ СЕ ПРЕЛЕВА, ЗНАЧИ ШТАНДОВИТЕ НЕ СЕ КАКО НЕКОИ ЗАСЕБНИ ТВРДИНИ КАКО ШТО БИЛО ПОРАНО, РЕЧЕ НЕНАД СТЕВОВИЌ, КНИГОИЗДАТЕЛСТВО ,,ИЛИ- ИЛИ”.

Во рамките на годинашното 36- то издание на Саемот на книга, кој ќе трае до 24 април се предвидени повеќе од 30 промоции на домашните и странски автори.

ИСКРЕНО ЗАДОВОЛНИ СМЕ, НАЈМНОГУ ПОСЕТЕНОСТ ИМА ОД ПОМЛАДИТЕ ОД ПРВО, ПА СЕ ДО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ИМА НЕКОИ ШТО ДОАЃААТ И ОД ГРАДИНКИ, ТАКА ШТО ЗАДОВОЛНИ СМЕ, ДОДАДЕ ЕЛЕНА МАКСИМОВСКА ОД КНИГОИЗДАТЕЛСТВО ,,АРС ЛАМИНА”.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...