ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и утре ќе имаме воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во недела од 13 часот пред седиштето на Европската унија на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најавен е посебен режим на сообраќај на оваа улица, почнувајќи од 19 часот во сабота (20 април) до 21 часот во недела (21 април). За сообраќај ќе биде затворена улицата „Св. Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Св. Климент Охридски“.

Во недела митинг ќе се одржи и на плоштадот „Македонија“ во главниот град. Поради ова, полицијата најавува посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

„За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните“, велат од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...