АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на виола, од Софиската филхармонија заедно со Маја Михајловска на виолончело членка на македонската Филхармонија го сочинуваат познатиот балкански квартет „Destiny Quartet“  кои синоќа приредија вистинска убавина за очи и уши во Филхармонија.

Тие имаат разновиден репертоар изведуваат модерна музика но и класични дела, филмска музика, а македонската публика ја изненадија со преработка на познатата песна „Јовано Јованке“ во соработка со Александар и Дац, но и хитот на Влатко Стефановски „Џипси сонг“, како и со оригинално сценарио, кореографии и впечатливи визуелни ефекти кои го направија концертот уште повпечатлив.

Фото: Соња Танеска

Овој концерт на „Destiny Quartet“ беше насловен како „Љубов без граници“, што всушност ја доловува и филозофијата на квартетот. Спојувајќи ја музичката разновидност на различни култури, Destiny е квартет на светот. Спојувајќи ја музичката разновидност на различни култури, Destiny е квартет на светот. Нивната амбиција и квалитети се веќе видени на различни меѓународни концертни сцени, огромни корпоративни настани низ Европа и приватни забави.

Како аранжер на музиката на квартетот се потпишува светски познатиот композитор Маурицио Абени, познат по неговите соработки со музички икони како Андреа Бочели и Луис Бакалов. Дополнително, аранжманите на квартетот ги оживува реномираниот инженер за звук Марко Страчони, чие импресивно портфолио вклучува над 500 музички композиции за филмови- добитници на Оскар, Златен Лав и Златен глобус.

Меѓу оригиналните аранжмани на “Destiny Quartet” се безвременските музички теми како “El Choclo“, “Tico-Tico“, “Miserlou-Flamenco“, “Ederlesi“, “Black Eyes“, “Ladybug“, “Scent of a Woman“, “Nah Neh Nah“ и многу други. Дополнително, “El Choclo“ е претставена и во трејлерот за филмот “Tango Shalom”, најновото филмско остварување на режисерот Џоел Цвик (Joel Zwick), препознаен по филмот “Мојата голема дебела грчка свадба“ (My Big Fat Greek Wedding).

„Destiny Quartet” “Destiny Quartet“ е најпопуларен гудачки квартет во Бугарија и првиот во стил на кросовер со милиони прегледи на најпознатата платформа за споделување видео во светот – Јутјуб. Квартетот досега стои зад голем број современи аранжмани на класични и филмски ремек-дела, меѓу кои „Libertango“, „Asturias“, „Besame Mucho“, „Destiny“ (петтата симфонија на Бетовен) и „Scent of a Woman”. Во основата на високо препознатливиот стил и начин на интерпретација на делата изведени од квартетот стои докажан музички тим од Италија, меѓу кои композиторот Маурицио Абени и инженерот за звук Марко Стрaчони.

Во портфолиото на квартетот се вбројуваат и бројни награди и признанија, а го имаат издадено и првиот чоколаден музички албум во светот – „Scent of a Woman“.

ИЗВОР: Градска.мк

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...