АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура и во соработка со Театарот за деца и младинци Скопје во кој учествуваат 5 меѓународни огранизации од Србија, Чешка, Грција и Македонија (Eho animato, Peripetija, ArtCanAct, Tri groša, ViceVersa).

Низ оваа мултидисциплинарна авантура ќе патуваме преку креативни алатки и методи, како и разговори со професионалци од разни области, а сето тоа ќе биде крунисано со уметничка продукција во текот на 2025 година. Група од 45 млади од Србија, Македонија и Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување, како и да се впуштат во меѓународна соработка во период од 16 месеци. Серијата работилници, дебатите и дигиталната платформа за соработка ќе бидат преточени во уметнички продукции кои ќе ги активираат нашите креативни, теоретски и имагинативни способности.

Селектираните учесници ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области; да учествуваат на Kick-off кампот во Скопје од 27 до 31 август 2024 година заедно со своите врсници од Грција и Србија, да учествуваат во креирањето на виртуелната платформа во соработка со нивни врсници од трите земји; да учествуваат на Feedback кампот со групите врсници, кој ќе се одржи во Белград во текот на 2025 година со целосно покриени трошоци и да бидат дел од уникатен креативен процес, кој ќе резултира со професионални уметнички продукции во 2025 година во Белград, Скопје и во Атина.

Целокупната програма е бесплатна, а повеќе информации во врска со проектот се достапни
на следниот: ЛИНК

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...